Top
namaluvanje_kilogrami

Правила за здраво слабеење

Здравото слабеење не е нешто што се постигнува преку ноќ. Брзината со која можете здраво да изгубите 5-7 килограми зависи од неколку работи: од вашата моментална тежина, количина на масни наслаги, дневни активности, диета и начин на живот, а реалната временска рамка ќе биде од два до четири месеци. Дали ќе можете да го одржите постигнатиот резултат зависи од методите што ги користевте за да го постигнете.

Ако имате поголем број на вишок килограми, губењето на само 5% од телесната тежина може значително да го намали ризикот од срцеви заболувања, рак и дијабетес. Не е важно да изгубите килограми што е можно побрзо, туку трајно да го промените вашиот животен стил. Агресивните диети го намалуваат бројот на потрошени калории, но вашето тело ќе се бори да ги врати килограмите.

• Однапред испланирајте ги оброците и ќе избегнете купување појадок во пекара или брза храна за ручек.
• Ограничете го внесот на алкохол бидејќи тој е невидлив непријател на сите оние кои сакаат да ослабат.
• Обидете се да ги разберете вашите навики во исхраната (во кое време од денот сте најгладни, дали сте склони кон емоционално прејадување).
• Направете список на работи кои го подобруваат вашето расположение и ви даваат мотивација и кога немате.
• Научете да се справувате со стресот и повеќе нема да посегнувате по чоколадо и чипс кога сте вознемирени или нервозни.
• Пронајдете поздрава, нискокалорична алтернатива на храната што ја сакате. Наместо сладолед, јадете замрзнат овошен јогурт кои сами ќе го направите.
• Ограничете ја количината на непожелни состојки, на пример внесот на шеќери.
• Обидете се да спиете најмалку осум часа бидејќи одморното тело функционира многу подобро.
• Водете сметка за количината на протеини, јаглехидрати и масти што ги јадете во текот на неделата. Не дозволувајте нешто да недостасува.
• Обидете се со пост (нека има најмалку 14 часа помеѓу последниот и првиот утрински оброк).
• Експериментирајте со нови рецепти и состојки, затоа што кога самите ќе подготвувате оброци, ќе имате точен увид во тоа што јадете.
• Станете физички активни. За умерена физичка активност, треба да одвоите најмалку 150 минути неделно.
• Избегнувајте пијалоци со шеќер затоа што содржат калории, но не и хранливи материи.
• Пронајдете некој со иста цел, без разлика дали станува збор за партнер, член на семејство или пријател кој сака да изгуби тежина на здрав начин. Меѓусебната поддршка и разбирање ќе ја зајакнат вашата желба да истраете и да успеете.
• Секогаш кога сте во можност пешачете, брзите чекори ги согоруваат калориите.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>