Top
pesacenje

Правила за намалување на вишокот килограми

Пешачењето е секојдневна навика која носи многу придобивки. Истото може да биде единствената физичка активност која ќе ви е потребна за да ослабнете. Секако, треба да го контролирате и дневниот внес на калории. Доколку сакате да ги намалите вишокот килограми на брз и лесен начин со пешачење, тогаш придржувајте се до овие три законитости.

Достигнете до 15.000 чекори дневно
Целта нека ви бидат 15.000 чекори дневно. Можеби оваа бројка ви изгледа преголема, но тука се вбројува секој чекор кој ќе го направите од моментот кога ќе станете од кревет. Не мора уште веднаш да започнете со оваа бројка, туку полека зголемувајте го интензитетот додека не ја достигнете целта.

Движете се кон нагорнина, барем три пати неделно
Движете се кон нагорнина, па макар и тоа да е одење по скали, затоа што на овој начин ќе ги зајакнете мускулите и ќе го забрзате метаболизмот. Така ќе согорите повеќе калории. Почнете со три пати неделно, па доколку можете полека зголемувајте го интензитетот.

Со секое пешачење додајте и некоја вежба
Слабеењето со пешачење не подразбира само чекорење. Правете паузи, а за тоа време правете склекови, чучневи и слично. Сите вежби ќе го забрзат отчукувањето на срцето, ќе ви помогнат да ги зајакнете мускулите, а притоа и пешачењето нема да ви биде досадно.




Оставете коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *