Top
vino

Позитивни влијанија на црвеното вино врз нашето здравје

Црвеното вино содржи антиоксиданти, особено полифеноли од грозјето, со што се намалува ризикот од срцеви заболувања и се балансира крвниот притисок. Еве неколку интересни работи за придобивките од пиењето на црвено вино, кои веројатно не сте ги знаеле.

Може да спречи кариес
Пурпурната уста од виното не би изгледала толку лошо ако знаевте дека виното ги убива бактериите кои што предизвикуваат кариес, нели?

Помага при алергии
80 независни студии го покажуваат фактот дека флавоноидите во црното вино ги намалуваат симптомите на астма и алергии. Потребно е подетално да се испитаат овие импликации, но звучи ветувачко.

Може да го одложи развојот на Алцхајмеровата и Паркинсонова болест
Во едно истражување од 2017-та година, научниците, од метаболитите од човечкото црево добиени од црвено вино со деградирање на невролошките клетки, добиле неочекувани резултати, односно метаболитите ги спречуваат клетките да не умираат.

Го намалува ризикот од депресија
Чаша вино дневно (или пиење вино во умерени количини) може да го одржи саканото ниво на ендорфин и да го спречи развојот на депресија.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>