Top
citron

Портокалов пијалок кој го намалува крвниот притисок

Постојат два вида холестерол: HDL – добар холестерол и LDL – лош холестерол, чие покачено ниво е причина за одредени болести на срцето и крвните садови. На лошиот холестерол можете да му се спротивставите со здрава исхрана и здрави пијалоци, меѓу кои се вбројува и овој портокалов пијалок.
Цитронот е апсолутен победник кога станува збор за борба со лошиот холестерол, бидејќи освен високото ниво витамин Ц содржи и пектин, разградливи влакна кои го намалуваат нивото на холестерол и ги заштитуваат крвите садови од згрутчување.
Освен цитронот, во борбата против холестеролот помага и целерот, кој го намалува нивото на холестерол и до пет пати. Целерот има значајна улога во излачувањето на жолчната киселина, која ги елиминира лошите масти.

Состојки:
– 1 црвен цитрон
– 2 стебленца целер
– малку магдонос
– ¼ лимон
– 1 лажичка ѓумбир

Подготовка:
Сите состојки ставете ги во блендер и мешајте додека не добиете густ сок. Од овој сок пијте барем по една чашка на ден, која е доволна за да го регулира нивото на масти во организмот. Најдобро е сокот да се консумира пред ручек, бидејќи телото има доволно време да ги апсорбира сите состојки и да го активира нивното дејство.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>