Top
oves

Појадокот е најефикасна диета

Појадокот треба да биде најважниот оброк во денот. Тој е и одличен пријател на оние кои сакаат да се ослободат од непосакуваните килограми?

Многумина знаат за тоа колку е важно утрото штом ќе станат од кревет да јадат нешто, а потоа да се впуштат во секојдневните обврски. Но, што всушност би требало да појадувате за да не огладнете толку брзо? Како што тврдат нутриционистите, не е сеедно што ќе изберете за појадок, посебно ако сакате да го намалите вишокот на килограми. Најдобар избор е овесна каша, што потврдуваат и некои истражувања.

Овесот е здрава и корисна храна која може да ја подготвите за појадок или пак за десерт. Хранливите влакна кои ги содржи овесната каша ви овозможуваат да бидете сити подолго време. Освен тоа, благодарејќи на хранливите влакна се стимулира варењето и се забрзува метаболизмот, а тоа е доволен показател дека е идеална храна за сите оние кои сакаат да ослабнат.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>