Top

3 начини да го подобрите расположението

Сè на сè, потребни се само 30 секунди да го подобрите вашето расположение. Ова се трите начини како да го постигнете тоа.

ДИШЕТЕ ДЛАБОКО
Вдишете длабоко и издишувајте постепено, неколку пати едно по друго. Дури 70% од негатвните емоции се празнат преку плуќата, со добар начин на дишење. Дишењето е рефлексна функција и воопшто не размислуваме за него т.е. како и кога вдишуваме и издишуваме. Длабокото, правилно дишење, посебно покрај отворен прозор или пак во природа на чист воздух може да направи вистински чуда.

ПРОТЕГНЕТЕ СЕ
Сосема лежерно раширете ги нозете, а рацете дигнете ги нагоре и протегнете се најмногу што можете така што ќе имате чувство дека ќе ги допрете ѕвездите. Ова повторете го неколку пати. Крвта ќе проциркулира низ екстремитетите и веднаш ќе се почувствувате многу подобро.

ПИЈТЕ ВОДА
Човековиот мозок е 75% вода. Кога имаме недостаток на вода, најмногу страда нашиот мозок. Доколку сакате мозокот подобро да функционира испијте една чаша вода. Водата никогаш не ја заменувајте со сок или пак некоја друга течност.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>