Top
meso so zelencuk

План за исфрлање на шеќерите од организмот

Сите знаеме дека шеќерот е штетен за нашиот организам. Нашето тело го претвора шеќерот во енергија, а количината што не ја употребува се претвора во масти, што дополнително предизвикува зголемување на телесната тежина.

Затоа пробајте го овој детокс кој ќе го исчисти вашето тело од вишок шеќер. Она што смее да се консумира е овесна каша, риба, ореви, пилешко, зеленчук и грчки јогурт.

Не постои специјален план за исхрана, само избегнувајте шеќер. За појадок можете да јадете овес со грчки јогурт, и ако не ви се допаѓа вкусот, можете исто така да вметнете овошје бидејќи содржи шеќер, но тоа е природен шеќер и затоа е дозволено. Бидете особено внимателни да останете хидрирани во текот на сите три дена на детоксикација. Пијте многу вода и незасладен чај, но ограничете се на една шолја кафе дневно, без шеќер.




Оставете коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *