Top

Пивото штити од рак на дојка

Научници од Германскиот центар за истражување на ракот, откриле дека пивото содржи моќни молекули кои ги штитат луѓето од рак на дојка и рак на простата. Имено, ксантохумол (супстанца која ја содржи хмељот) го оневозможува зголеменото дејство на два хормона: тестостерон и естроген, и помага при блокада на протеинот ПСА кој го поттикнува ширењето на ракот на простатата. Иако научниците и до сега знаеле дека оваа супстанца помага при блокада на естрогенот, сепак за прв пат откриваат дека истиот ги инхибира и машките хормони.



„Иако истражувањата сè уште се во рана фаза, се надеваме дека на крај ќе докажеме дека ксантохумолот го успорува развојот на рак на простата“, вели Кларис Герхаусер . Ако дејството на ксантохумолот се покаже како корисно, би се продавал како лек против рак. Затоа научниците сугерираат, во борба против ракот, да се консумираат пива кои се најбогати со ксантохумул. Препознавањето на тие пива е лесно, бидејќи хмељот му дава на пивото горчина. Значи погорчливите пива содржат поголемо количество ксантохумул.

Кликнете ТУКА за да ги погледнете нашите денешни содржини.

Станете наш facebook фан.




1 Коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>