Без разлика дали имате проблем со несоница, лесен сон или често се будите во текот на ноќта и ви е тешко да презаспиете, ние ви предлагаме да си подготвите пијалок кој ќе ви помогне да спиете квалитетно и цврсто.
Главната состојка во овој рецепт е бананата која е богата со калиум и магнезиум кои ги опуштаат мускулите и предизвикуваат поспаност.
Најпрво ставете литар вода во голем сад и оставете да врие. Земете една банана, добро измијте ја, пресечете ги врвовите и заедно со лушпата ставете ја во тенџерето со вода и оставете ја да врие десетина минути. Потоа, исцедете ја водата во шолја за чај и додадете половина лажичка цимет. Овој пијалок се пие додека е топол, половина час до час време пред да си легнете.
Станете наш facebook фан. Ви Благодариме!