Top

Пијалоци од банани кои ги топат мастите

И покрај верувањето дека бананата треба да ја избегнувате доколку сакате да изгубите некој килограм, сепак таа претставува една честа состојка во диеталните пијалоци.

Тоа е така поради калиумот кој помага во исфрлување на вишокот вода од телото и растителните влакна кои го забрзуваат метаболизмот. Бананата изобилува со калиум, односно една банана содржи 450mg од овој елемент.
Освен тоа, природните шеќери фруктоза, сахароза и глукоза се одличен извор на енергија за нашето тело. Јадењето банана помага во заситување кога чувствуваме лажна глад, која поттикнува постојано да грицкаме храна која дебелее.
Бананата се користи како база во диетални пијалоци, во кои се додаваат природни топачи на масти како ленено семе, боровинки, малини, брусница и спанаќ, кои меѓу другото го снабдуваат нашето тело со сите потребни витамини и минерали.

БАНАНА СО ЛЕНЕНО СЕМЕ
1 портокал
1 банана
2 лажички ленено семе
2 лажички сурутка
1/2 чаша млака вода

БАНАНА СО ЗРНЕСТО ОВОШЈЕ
1 банана
1 шолја зрнесто овошје (боровинки, малини, брусница)
1 лажичка мед
1 лажичка ѓумбир
1/2 шолја млака вода

БАНАНА СО СПАНАЌ
1 банана
200g свеж спанаќ
1/2 јогурт со ниска масленост
1 лажичка мед
1/3 шолја житарки

Подготовката на сите овие пијалоци е иста. Состојките ставете ги во блендер и изматете ги. Овие диетални, а пред сè здрави пијалоци, консумирајте ги наутро за појадок. Истите ќе ви помогнат да ги намалите масните наслаги кои се наталожени во пределот на струкот.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>