Top
kafe_bez_shekjer

Пијалоци кои помагаат во намалување килограми

Почеток на денот со чаша вода со лимон е ритуал за многу луѓе кои се обидуваат да изгубат тежина. Ниту еден пијалок нема да ви помогне да изгубите тежина самостојно, но постојат пијалоци кои, во комбинација со здрав начин на живот, можат малку да го истуркаат процесот на слабеење.

Кафе
Истражувањата покажуваат дека консумирањето кафе пред вежбање може да ве охрабри да вежбате подолго и поинтензивно, што значи дека во тој случај ќе потрошите повеќе калории. Но, за да успее трикот со кафе, треба да пиете чисто црно кафе, бидејќи додавањето млеко и шеќер ќе ги поништи сите ефекти на вашето поинтензивно вежбање.

Ладна вода
Заменете го лимонот со неколку коцки мраз – ладните пијалоци го охрабруваат вашето тело да троши повеќе енергија за да ја одржи својата нормална телесна температура. На пример, 2 литри ладна вода на ден може да му помогне на телото да согори дополнителни 100 калории.

Зелен чај
Зелениот чај не само што не содржи ниту една калорија, туку може да ви помогне да согорувате маснотии и да изгубите несакани килограми. Направете свеж зелен чај без никакви додатоци.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>