Top
kurkuma

Откриен е тајниот зачин за здрава кожа и тенок струк

Куркумата има впечатлива жолта боја која што ја добива од активната состојка куркумин, еден од најмоќните природни лекови кој го подобрува варењето на храната, ја обновува цревната флора, го нормализира месечниот циклус кај жените, го прочистува црниот дроб и жолчниот меур, го стимулира метаболизмот, делува антибактериски и антигабично, а решава и кожни проблеми.

За време на летото, поради силното потење и изложеност на сонце, море и топлина, повеќе од вообично сме изложени на процесите на воспаленија на лицето, па доколку во моментов состојбата на вашата кожа не е баш сјајна, решението можете да го пронајдете и во природата, во совршениот пијалак на база на куркума. Дури и ако немате проблеми со кожата, овој пијалок се препорачува заради сите претходно наведени позитивни влијанија врз здравјето, но и како превентивна мерка против иритација и воспаление на кожата.

За подготовка на овој делотворен пијалок ви е потребно: 1 стапче цимет, 6 зрнца кардамом, 40g свежа куркума, 8 шолји млеко од бадем и 8 лажички агавин сируп или мед.

Во мал сад измешајте го циметот и кардамомот со мала количина на вода. Откако ќе зоврие водата, намалете го огнот и оставете да се вари тивко дваесетина минути. Потоа, оставете ја оваа зачинета течност да се излади па ставете ја во блендер заедно со куркумата и блендирајте додека не добиете хомогена смеса. Процедете ја и оставете ја малку да отстои. На секоја чаша млеко ќе додавате по една супена лажичка од оваа смеса и една мала лажичка од засладувачот по желба, агавин сируп или мед.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>