Top
priroden_sok

Освежувачки пијалоци за рамен стомак

Кога температурите ќе достигнат над 30 степени, потребно е вистинско освежување. Треба да знаете дека постојат пијалоци кои се совршен додаток во исхраната и се идеален сојузник во борбата против подуеноста на стомакот. Во продолжение прочитајте кои 5 безалкохолни пијалоци се одличен избор за летниот период.

Витаминска вода
Хидратацијата на телото е особено важна во текот на летниот период. Внесувањето на потребната количина на вода влијае врз мекоста на кожата, а освен тоа и го зголемува чувството на ситост. Доколку не сакате да пиете природна вода, може да ја збогатите со парчиња овошје.

Пијалак од нане
Нането е совршен сојузник за рамен стомак. Пеперминтот го забрзува варењето на храната, помага да се согорат мастите и спречува подуеност на стомакот.

Пијалак од ананас
Сокот од ананас асоцира на лето и плажа. Ова тропско овошје содржи бромелаин – ензим кој ги разградува протеините. Ананасот го разградува фибринот, нерастворливите протеини кои се поврзани со задршка на течности и е совршен против чувството на подуеност.

Пијалак од грејпфрут
Грејпфрутот содржи многу вода, малку натриум и на телото му ја надополнува потребата за течности и минерали. Богата е со ензими и ефективно ги топи мастите, па токму затоа е вистински избор за забрзување на работата на метаболизмот и постигнување рамен стомак.

Пијалак од зелен чај
Зелениот чај е богат со антиоксиданси кои ја забрзуваат работата на метаболизмот. Освен што влијае на нивото на шеќер во крвта, зелениот чај е лесен диутерик што значи дека нема да ве подуе. Пијте ладен зелен чај наместо вода.


Станете наш facebook фан. Ви Благодариме!




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>