Top
slabeenje

Ослабнете брзо со здрава исхрана

Диетата не подразбира само слабеење туку и прочистување на организмот од токсини. Многу пати и вие сте посакале да симнете само 1 или 2 килограми, но не сте успеале. Ако сакате брзо да изгубите неколку килограми, не е потребно веднаш да се започнувате строги и рестриктивни диети после кои килограмите веднаш ќе ви се вратат назад, туку само редуцирајте ја исхраната и килограмите ќе се стопат засекогаш.

Чили пиперка
Канадска студија покажува дека чили пиперчињата не помагаат само за намалување на апетитот, туку и ја зголемуваат способноста на телото да ги согорува мастите.

Зелена пиперка
Зелената пиперка и сродниот зеленчук помагаат за забрзување на метаболизмот, а тоа ќе резултира со зголемено согорување на масните наслаги од стомакот.

Кромид
Кромидот содржи исклучително малку калории и поради тоа е идеален за оние кои сакаат да ослабнат. За да постигнете најдобар резултат јадете го свеж.

Свежа краставица
Краставицата во себе содржи многу вода заради што е одлична за „убивање“ на глад. Ако почувствувате желба за грицкање, наместо нездрави грицки земете свежа краставица и чаша вода. На тој начин не само што ќе бидете сити, туку и ќе внесете помалку калории. Освен тоа, течноста која сте ја внесле со краставиците ќе ви помогне за исфрлање на токсините од организмот.

Моркови
Изобилуваат со бета каротен и со влакна кои имаат благотворно дејство врз организмот.

Јадете колку можете повеќе лиснат зеленчу бидејќи е полн со витамини и заситува, и не само што ќе ослабнете туку и ќе го зајакнете и ќе го прочистите организмот, а кожата ќе ви биде поубава, помека и подмладена.




Оставете коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *