Top
Devojka_slusha_muzika_iLike_mk

Омилените песни имаат неверојатен ефект врз вашето тело

Покрај тоа што го подобрува нашето расположение и не прави среќни, слушањето музика има позитивно влијание врз нашето физичко здравје. Освен што ни ја олеснува секоја работа и не прави поефикасни, слушањето музика има и други бенефиции.

Нискиот крвен притисок
Секојдневно слушање по половина час на класична, индиска музика со свесно и побавно дишењето ќе ви помогне да го намалите вашиот крвен притисок, покажа една неодамнешна студија. Ако не ви се допаѓа Бах или Моцарт, подеднакво ефикасни може да бидат тактовите на Френк Синатра или Бијонсе. Најважно е да се слуша музика која ќе направи да се чувствувате подобро, а не вознемирени.

Ја намалува болката
Половина час слушање музика го намалува нивото на хормонот кортизол во телото, кој повеќе се лачи кога сме под стрес. Музиката ќе ви помогне да се опуштите побрзо и полесно, а поуспешна е дури и од одмарање во тишината. Покрај тоа, длабокото дишење додека слушате музика ја намалува напнатоста и ве релаксира, како што делува и масажата.

Ја ублажува болката
Ако навистина внимателно ја слушате песната која ја сакате, со тек на време ќе може да забележите дека болката во еден дел од телото попушта. Затоа, следниот пат кога ќе добиете главоболка наместо таблети слушајте внимателно две или три омилени песни, впивајќи го секој стих и тон.




Оставете коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *