Top
zelen-pijalok-1

Оброк во чаша кој ги чисти токсините

Здравјето на бубрезите е од витално значење за целокупната состојба на организмот. Но, секојдневното внесување храна и пијалоци може негативно да влијае врз нив. Доколку сакате да го исчистите телото од токсини и да да им помогнете на бубрезите нормално да функционираат без никаков проблем, пробајте го овој вкусен и здрав оброк во чаша.
Бубрезите дневно филтирираат околу 200l крв со цел исфрлање на токсините кои му штетат на нашето тело. Со нивна помош дневно се исфрлаат околу 2l отпадни и бескорисни материи, а тоа го се случува преку урина.
Кога бубрезите се преоптоварени со токсини, може да настанат болести на бубрезите и мочниот меур. Ние токму тие токсини ги внесуваме преку храна и пијалоци. Најголем ризик од развој на бубрежни болести имаат лицата кои боледуваат од дијабетес, лица кои имаат висок крвен притисок или пак имаат семејна историја на болести на бубрези.
Помеѓу најголемите непријатели на бубрезите се вбројуваат: сол, генетски модифицирана храна, вештачки засладувачи, газирани пијалоци, кофеин и цигари.

За подготовка на оброкот во чаша кои ги прочистува бубрезите, потребни се следниве состојки:
– ½ лимон или лимета
– 1 киви
– ¼ шолја ореви
– 1 банана
– 1 шолја вода
– малку свеж магдонос

Овошјето излупете го и заедно со другите состојки измешајте го во блендер. Доколку сакате да го збогатите овој оброк, додадете и половина авокадо.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>