Top
belkovini

Несакани последици од јадењето премногу белковини

Белковините или протеините, заедно со водата, се најважните нешта кои се клучни за создавање мусклули, за крвта, косата, ноктите и внатрешните органи како срцето и мозокот. Во помала или поголема количина, протеините ги има речиси во секоја храна, како на пример во месо, риби, јајца, млеко, сирење, житарки, леќа, пченица, пченка, ориз, јачмен, соја. Како и со се друго, не треба да претерувате и со внесот на протеини, бидејќи тоа има нус појави.

Лош здив
Кога внесуваме премногу белковини, а премалку јаглехидрати, нашиот организам доаѓа во состојба на кетоза, кога наместо јаглехидрати за енергија троши масти. Тоа може да биде супер за губење на телесната тежина, но не и за здивот. Лошиот здив е последица на производството на хемикалии кои настануваат кога телото согорува масти. Со оглед на тоа дека непријатниот мирис доаа од внатре, миењето заби нема да го реши проблемот.

Лошо расположение
На човечкиот мозок му се потребни јаглехидрати за да функционира нормално и да произведува доволно хормон серотонин кој е одговорен за нашето добро расположение. Ако го зголемите внесот на белковини, а го намалите внесот на јаглехидрати многу е веројатно дека ќе бидете лошо расположени.

Оштетување на бубрезите
Кога јадеме белковини во телото внесуваме и нитрогени кои бубрезите треба да ги исфилтрираат од крвта. Ако јадеме нормална количина на белковини, нитрогенот нормално се исфрла по пат на мокрење, но ако внесуваме премногу белковини бубрезите мора да работат многу повеќе да за го исфрлат вишокот нитроген, кој со тек на време може да ги оштети бубрезите.

Проблеми со варење на храната
Пилешкото месо и свежото сирење се одличен избор за градење на мускулна маса, но не содржат влакна кои се потребни за нормално варење на храната. Тоа значи дека ако сложените јаглехидрати ги замените со протеини од животинско потекло, многу е веројатно дека нема да внесете 25 до 35 грама од препорачаната дневна количина на влакна. Последица на тоа е подуеност и проблеми со варење на храната.

Зголемување на телесната тежина
Диета богата со белковини ќе ви помогне да намалите некој килограм, но откако ќе стигнее до посакуваната телесна тежина треба да се вратите на разновидната исхрана бидејќи во противно ќе се здебелите. Студија спроведена на повеќе од 7000 луѓе открива дека кај луѓето чија исхрана се базира на белковини постојат 90% поголеми шанси да се здебелат.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>