Top
srcev_udar

Неочекувани фактори кои можат да доведат до срцев удар

Постојат не многу очигледни фактори кои на годишно ниво доведуваат до 1.5 милиони срцеви удари и 500.000 смртни случаи. Повеќето од нас или не се запознаени со улогата на овие 5 фактори во срцевите удари, или не ги сметаат за доволно сериозни.

Кожата
Ефектите на псоријазата би можеле да бидат многу поголеми од она што може да се види на кожата. Истражувањата покажуваат дека луѓето со вакви или слични кожни проблеми имаат 3 пати поголем ризик од инфаркт, вели Мона Гохара – професорка по дерматологија на Јејл.

Загаден воздух
Смогот е поврзан со развојот на голем дел од болестите, вклучувајќи ги и срцевите. Една студија доаѓа до заклучок дека кумулативната изложеност на смог (каква што за жал имаме во Македонија) може да го зголеми нивото на шеќер во крвта, нивото на холестерол, како и други ризични параметри кои доведуваат до ризик од срцеви болести. Друго истражување открива и дека загадениот воздух може да влијае и на намалување на „добриот“ HDL холестерол. Оштетувањата на крвта се јавуваат и кај младите и здрави лица изложени на загаден воздух во затворени простори.

Лекови против болки
Кога подолг период имате грозница, нормална реакција е да посегнете по противвоспалителни лекови, Ibuprofen, Naproxen или други. Меѓутоа, откриено е дека луѓето кои ги земаат овие лекови, за време на болувањето од респираторни инфекции имаат 3-4 пати зголемен ризик од срцев удар.

Болки во рамењата
Иако не е откриена директна поврзаност со срцевите проблеми, изгледа дека некаква поврзаност меѓу овие два здравствени проблеми сепак постои. Луѓето со зголемен ризик од срцеви заболувањата имаат поголеми шанси да чувствуваат болки во рамењата.

Опкруженост со бучава
Секојдневните гласни звуци (свирки од возила, метежот, комбинираните звуци од градежните работи и слично) не само што му штетат на слухот, туку и на срцето. По темелни анализи на претходни студии, научниците дошле до заклучок дека луѓето изложени на честа бучава имаат поголем степен на здравствени проблеми со срцето, неправилен ритам на отчукувања, висок крвен притисок, висок холестерол, како и високо ниво на шеќер.




Оставете коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *