Top

Избегнувајте премногу спиење за викенд

Имате потешкотии со станувањето во понеделник наутро? Веројатно причината се крие во мрзеливо поминатиот викенд, велат научниците.



Премногу лежење и спиење во текот на викендот може да ја успори целокупната активност на организмот и да ги омалакса мускулите, па тоа чувство на замор може да трае и до средина на работната недела.

Исто така, прекумерниот сон за време на викендот ја ослабува меморијата и брзината на реакциите, а стручните лица велат дека таквата навика доколку се практикува подолго време може да допринесе за дебелеење. Истражувањето во кое учествувале 65.000 мажи и жени, открило дека луѓето кои ги менуваат навиките на спиење преку викендот се соочуваат со три пати поголем ризик за дебелина.
Истражувањето потврдило дека промената на спиење во сабота и недела, било да станува збор за премногу или премалку сон, може да влијае да се чувствувате исцрпено во понеделник. Доволно е да спиете само два часа подолго од вообичаеното за да ги воочите негативните последици.

Кликнете ТУКА за да ги погледнете нашите денешни содржини.

Станете наш facebook фан.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>