Top
Најголеми нарушувачи на здравјето на вагината

Најголеми нарушувачи на здравјето на вагината

Здравјето на вагината е еден од најважните аспекти од женското здравје. Проблемите со вагината може негативно да влијаат на плодноста, желбата за секс и достигнувањето оргазам. Исто така, имаат големо влијание и врз другите сфери на животот како што се работата, врската или бракот, а сè е поради стрес или недоволна самодоверба. Доколку приметите некои чудни и необични симптоми, обратете се на гинеколог за да можете побрзо да си помогнете. Но, за да не дојде до тоа, бидете свесни за негативните работи со кои го загрозувате здравјето на вашата вагина.

  • Незаштитен секс
    Општо познато е дека може да се пренесат низа болести доколку практикувате секс без заштита, посебно доколку често менувате партнери. Нека не ве понесе страста и секогаш внимавајте!
  • Агресивен секс
    Страстниот секс кој преминува во агресивен па дури и болен чин може да го наруши ѕидот на вашата матка и да предизвика трауми на вашата вагина. Доколку почувствувате болка, кажете му на партнерот да забави или сменете ја позата.
  • Болести
    Некои болести како што се дијабетесот и други болести кои го нарушуваат имунитетот знаат да предизвикаат сувост која е исто така и болна.
  • Лекови и средства за интимна нега
    Различни лекови како што се антибиотиците, ја пореметуваат рамнотежата на вагиналната флора и предизвикуваат инфекции. Исто така делуваат и средствата за интимна хигиена. Доколку почувствувате печење или чешање престанете да го користите тоа средство.
  • Бременост и пораѓање
    За време на бременоста зголемен е вагиналниот секрет кој продолжува и по пораѓањето. Во некои случаи секретот знае да ја иритира раната од пораѓањето и со тоа да направи уште поголем проблем.
  • Психолошки проблеми
    Анксиозноста и депресијата се две главни причини за промена на вагината кои предизвикуваат сувост и намалување на либидото.
  • Стареење
    Со годините, вагината ја губи својата еластичност, посебно по менопаузата. За да не дојдете до големо опуштање секојдневно правете кегелови вежби со стегање и опуштање на вагината.

Автор: Ивана Витановска




1 Коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>