Top
kafe_caj

Напитоци кои топат килограми

Кога сакате да изгубите некој килограм, обрнете внимание на нутритивните и енергетските вредности на секој пијалок. Неколку пијалоци се корисни за губење на тежината.

Вода
Најважниот сојузник во губење на тежината е водата која учествува во метаболичките процеси во телото. 20% од дневната потреба за водата се надоместува преку внесувањето на храна, остатокот треба да се внесе со течност. Водата не содржи калории, па затоа е најдобриот избор за надокнадување на течноста за време на слабеењето. Истражувањата покажуваат дека внесувањето на една чаша вода 20 минути пред оброците влијае врз помалиот калоричен внес за време на оброците.

Кофеин
Во пијалоци со кофеин се вбројуваат кафето и чајот. Кафето се препорачува без засладувач, а доколку користите млеко во кафето, нека биде во минимална количина. Корисно е да пиете зелен чај затоа што има корисен ефект врз целокупното здравје, но исто така помага во губење на тежината. Некои состојки кои ги содржи овој чај ја зголемуваат потрошувачката на енергија и го забрзуваат метаболизмот.

Природен сок
Најздрава варијанта е да пиете сок кој сами ќе го подготвите, како што е сок од портокал или сок од лимон. Ако свежо исцедениот овошен сок е густ, секогаш можете да додадете вода и да го разредите. Доколку преферирате сладок вкус, како засладувач можете да додадете мед во сокот.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>