Top
kinoa-spanak

Намирници со кои ќе го надминете заморот

Ако постојано чувствувате замор и мислите дека ќе заспиете работејќи, не посегнувајте веднаш по енергетски напитоци. Наместо нив, вклучете ги овие намирници кои ќе ви дадат енергија.

Спанаќ
Спанаќот е полн со хранливи материи – растителни влакна, витамин К (за коски), лутеин (за очите), а некои истражувања покажаа дека им помага на мускулите во текот на вежбањето. Исто така, во него има многу железо, што значи дека може да ве „крене“ кога сте уморни.

Сок од портокал
Витамин Ц помага во производство на карнитин, кој ја претвора маснотијата во енергија. Чаша цеден портоклал, плус овошје и зеленчук (пиперки, брокула, јагоди) се одличен начин да ја вратите својата енергија.

Банани
Уште една чудотворна храна полна со хранливи материи. Бананата ќе ве снабди со енергија и ќе одржува стабилно ниво на шеќер во крвта.

Јајца
Протеините од јајца, особено од белките, ни помагаат да останеме будни и да ја одржите концентрацијата.

Грчки јогурт
Овој кремаст десерт ќе ви даде двојно повеќе протеини од обичниот јогурт, што ќе помогне да се одржи нивото на енергија.

Киноа
Оваа намирница кај нас е занемарена, а може да се купи во сите продавници за храна. Нејзините комплексни јаглехидрати го одржуваат вашиот шеќер во крвта, што значи дека вашата енергија нема да опаѓа.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>