Top
Kalinki_iLike_mk

Намирници кои не ги јадеме редовно, а би требало

Мали залчиња на кои често забораваме се вистинско складиште на витамини и минерали, кои го чуваат здравјето. Веднаш внесете ги во исхраната и следете што ќе се случува со Вашето тело. Кога ќе ја подобрите состојбата на организмот одвнатре, ќе видите резултати и однадвор.

РОТКВИЦИ
Ротквите се подобри од било кој зеленчук и во нив се кријат многу хранливи состојки. Содржат фолна киселина која го намалува крвниот притисок и опасноста од срцев удар. Нивниот црвен пигмент е одличен природен лек како превенција од рак. Свежите ротквици се полни со антиоксиданси, а најздрави се приготвени во салата и зачинети само со маслиново масло и лимон.

ЗЕЛКА
Во една чинија зелка има само 22 калории и многу хранливи состојки, меѓу кои сулфорафан кој поттикнува создавање ензими кои се борат против слободните радикали и штитат од рак.

ЦИМЕТ
Најстариот познат зачин на светот е циметот. Циметот го контролира нивото на шеќер и триглицериди во крвта. Со цимет посипете го кафето или колачињата.

КАЛИНКИ
Калинката е слатко овошје од кое можете да направите природен сок. Содржи големи количини на витамин Ц. Само една чаша сок (или половина свежа калинка) ќе задоволи половина од дневните потреби за витамин Ц.

СУВИ СЛИВИ
Иако, на изглед не се воопшто привлечни, сувите сливи содржат витамини и минерали кои даваат многу енергија. Сувите сливи имаат состојки кои го подобруваат варењето на храната и ја поттикнуваат работата на цревата.

СЕМКИ ОД ТИКВА
Сушените семки од тиква се одлични, здрави и со пристојна цена. Богати се со магнезиум, цинк, фосфор и бета каротен. Содржат и важни незаситени, есенцијални масни киселини кои ги нема во просечната исхрана. Според некои истражувања, семките од тиква се и одличен афродизијак.




Оставете коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *