Top
Намирници кои го намалуваат апетитот

Намирници кои го намалуваат апетитот

Избалансираната исхрана е клуч за убава линија, но понекогаш е мошне тешко да се одолее на колачите и слатките задоволства.
Во вакви случаи помагаат намирници кои создаваат чувството на ситост, а имаат ниска калорична вредност.

ЈАБОЛКА
Богати се со растителни влакна и вода кои го намалуваат апетитот. Пектинот го спречува покачување на шеќер во крвта, а со тоа и чувството на глад.

ЗАЧИНИ
Храна богата со вкусови создава чувство на ситост, а во тоа особено помагаат зачините кои го стимулираат варењето и метаболизмот. Студиите потврдиле дека луѓето кои јадат супа зачинета со бибер внесуваат 60 калории помалку од оние кои јадат незачинета супа.

НАНЕ
Покрај тоа што смирува, нането ја намалува гладта преку балансирање на шеќерот во крвта. Колку шеќерот во организмот е поголем, толку повеќе телото копнее за храна. Покрај тоа, нането го забрзува варењето на храната, ја спречува надуеноста и поттикнуваат топење на масти. Се препорачува најмалку една шолја чај од нане дневно.

ЈАЈЦА
Тие се богати со протеини, обезбедуваат енергија и обезбедуваат подолго чувство на ситост. Студиите потврдиле дека јајцата го намалуваат апетитот во наредните 36 часа. Пополните луѓе кои за појадок јаделе јајца го намалиле внесувањето на храна во наредните 2 до 3 дена, додека оние кои јаделе други намирници внесувале иста калориска вредност.




Оставете коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *