Top
zabi zolti

Намирници кои ги пожолтуваат забите

Идентично, како што постојат намирници кои ја чуваат на белата боја на забите, така постојат и оние што ги пожолтуваат.

Шеќер
Шеќерот ја оштетува глеѓта и ја зголемува шансата за појава на кариес.

Мраз
На секој од нас му е омилен додаток во пијалоците, а тоа може да доведе до зголемување на чувствителноста на забите. Тоа предизвикува крварење, а со тоа и промена на бојата на забите.

Алкохол
Алкохолните пијалоци ја сушат усната шуплина. Тие може да предизвикаат и бројни орални инфекции и заболувања, што ги пожолтува забите.

Цитруси
Цитрусите се многу здрави, но тие може да ја оштетат забната глеѓ. Со цел да го избегнете ова, после јадење на цитруси напијте се чаша вода.

Кафе
Кофеинот создава темни дамки кај забите, а честото пиење на кафе влијае врз зголемената пигментација на забите.

Газирани пијалоци
Во газираните пијалоци има многу шеќери и ако многу ги пиете, бактериите што се хранат со шеќери ќе се развијат во усната шуплина, а киселината ќе ги оштети забите.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>