Top
Bolno-bebence-iLike-mk

Намалете ја високата температура на потполно природен начин

Есента е период во кој се интензивираат настинките и грипот кои предизвикуваат зголемена телесна температура.

Малите дечиња тешко ја поднесуваат температурата. И токму таа може да нанесе трајни последици по однос на нивното здравје.

Со следниве неколку методи можете да ја намалите високата телесна температура на потполно природен начин:

  • Облечете го детето во полесна облека за да може телото да дише и да се лади.
  • Поттикнете го да пие повеќе течности, а доколку не сака, на секој час давајте му барем по една лажица вода.
  • Ако детето не сака вода, тогаш понудете му коцка мраз за да ја шмука. На тој начин ќе ја спречите дехидратацијата и ќе му помогне да се разлади.
  • Подгответе му млака купка со која ќе се разлади за неколку минути, а температурата ќе се симне.
  • Ако не сакате да го искапете во млака вода, тогаш истријте го со влажен и ладен сунѓер по телото.
  • Ставајте му ладни облоги на челото, на вратот и на препоните бидејќи таму крвните садови се најблиску до површината на кожата и побрзо ќе се симне температурата.
  • Земете лист од весник и избоцкајте го со игла, па намачкајте го со масло за јадење. Вака подготвен ставете го градите на детето. Ова е стар, но мошне ефикасен начин за извлекување на температурата.



Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>