Top

Најефикасни методи против ‘рчење

Имате проблем со ‘рчењето? Луѓето околу вас имаат уште поголем.

Спијте на страна. Поставете тениско топче на средината на грбот од горната пижама или користете перница за тело, за да избегнете спиење на грб.

Избегнувајте кофеин, алкохол и тешка храна, барем оние неколку часа пред да одите на спиење.

Релаксирајте ги мускулите на горните дишни патишта. Пејте при вечерниот туш, или свирете на дувачки музички инструмент за време на денот.

Намалете ја тежината. Ако неодамна сте се здебелиле и сте почнале да ‘рчите, време е да се вратите во форма. Вишокот масти, особено околу вратот, можат да предизвикаат ‘рчење.

Подигнете ја главата. Поставете дополнителна перница за потпора на главата. Ова може да намали дел од притисокот врз дишните патишта.

Пред спиење, туширајте се со жешка вода. Така ќе ги прочистите носните канали.

Одржувајте го воздухот во спалната соба влажен. Користете освежувач за воздух. Сувиот воздух може да ги иритира носните и мембраните на грлото.

Менувајте ги навлаките на перниците. Алергенсите што се таложат во перницата може да придонесат за ‘рчењето. Проветрувајте ги перниците почесто и чувајте ги милениците надвор од спалната соба.

Вежбајте ги грлото и носот, за да го зацврстите ткивото одговорно за ‘рчење, со некоја од следните вежби:

* Повторувајте ја секоја самогласка, гласно, 3 минути, неколку пати во денот.

* Поставете го врвот на јазикот зад предните заби, а потоа лизгајте го наназад. Повторете 3 пати.

* Затворете ја устата и вовлечете ги усните. Држете така околу 30 секунди.

* Исплазете го јазикот колку што е можно повеќе, па релаксирајте го. Повторете 10 пати.

* Пробајте со јазикот да ја достигнете вашата брада, а потоа вашиот нос. Повторете 10 пати.

* Отворете ја устата и стегајте ги мускулите на грлото, одново и одново, за време од 30 секунди.

Премореноста може да предизвика ‘рчење. Внимавајте на дисциплината на сонот и заминувајте на спиење колку што може поодморени.

Во случај на тешко и гласно ‘рчење, гушење и засркнување, будење со главоболка и тешкотии при концентрација, најдобро е да посетите доктор.




Оставете коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *