Top
dieta

Начини на слабеење кои треба да ги избегнувате

Кога сакате да намалите некој килограм, особено е важно да ја изберете вистинската диета која им одговара на вашиот метаболизам и тело. Но, постојат неколку начини на слабеење кои треба да ги одбегнувате, без разлика за кој метод на слабеење ќе се одлучите.

Изгладнување
Доколку, сакајќи да ослабнете, се откажете од одредено јадење, може да се доведете до нутритивен дефицит. Наместо целосно да избегнувате сè, пример јаглехидрати, обидете се од менито да ги отфрлите тестенините, а и понатаму консумирајте ги житарките со цело зрно.

Вежбање на празен стомак
Ако вежбате без прво да појадувате, трошите мускули, а не масти. Ако јадете добро, не само што ќе избегнете губење на мускулите, туку ќе имате и многу повеќе енергија за вежбање.

Малку сон
Ако сакате да изгубите тежина, важно е да бидете наспани. Премалку спиење може само да го зголеми апетитот и да предизвика искушение да јадете повеќе.




Оставете коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *