Top
morska

Морската вода е благодет за нашето здравје

Морската вода е вистинска благодет за човечкото здравје. Од летниот одмор ќе се вратите со сјајна кожа и коса, ќе бидете слободени од стресот и другите симптоми кои сте ги имале.

Ублажување на болестите на дишните патишта
Солената вода помага при надразнетоста на слузницата на носот, при алергиски реакции или настинка и ги ублажува болестите на респираторниот систем воопшто. Со споени дланки земете чиста морска вода, навалете ја главата на страна и шмркнете малку од водата во едната ноздра, а потоа истото повторете го и со другата. Солта од водата пече, но одлично влијае врз носната шуплина.

Секрет
Жените кои кои имаат воспаление или пак имаат поинтензивен вагинален секрет, треба да се обидат со испирање со морска вода.

Проширени вени
Влезете во вода до половината на бедрата и движете се во плиткото половина час. Движењето во водата има сличен ефект како масажа, а нејзиното дејство ги затегнува и појачува вените. Ова можете да го практикувате два пати дневно.

Артроза и реума
Наполнете ја кадата со топла вода, во која треба да ставите два килограми морска сол. Поминете 20 минути во водата, а потоа легнете во кревет. Топлата солена вода е одлична терапија за болните зглобови.

Рехабилитација
Како резултат на поголемата специфична тежина, морската вода овозможува полесно движење, многу полесни и побезболни се и движењата при скршеници на коските или болести на мускулите и зглобовите. Токму затоа, и ефектот на самата рехабилитација е поголем.

Целулит
Морската сол ја олеснува осмозата на поткожните водени пликови, и го забрзува ослободувањето од течности и целулит. Сето тоа се случува поради солената содржина во концентрација од 35 гр. по литар.

Акни и дерматоза
Комбинација на морска вода и миризливиот солен воздух е совршен антибактериски мелем. Морската вода помага при зараснување на раните, ја чисти кожата од акни и помага при разни видови дерматоза и псоријаза.

Нега на кожата
Водата ја зацврстува кожата, ја обновува и ја прави поглатка.

Стрес
Дури и обичното капење опушта, а капењето во морска вода ни помага да ги исфрлиме сите „отрови“ од телото кои се собираат како последица на современиот живот.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>