Top
dunja

Моќта на дуњата во здравствени цели

Зрелиот плод на дуњата е тврд и има киселкаст вкус. Може да се консумира свеж, а од него се прави слатко, мармалад, желе, сок или пак чај.

Сируп за бронхит
Издробете 5g семки од дуња и прелијте ги со 100ml вода. Кога ќе се создаде густа маса, додадете 100g мед од жалфија.

Дуњата против чир на желудник
По една лажица ленено и семе од дуња прелијте со 1 шолја ладен чај од камилица, добро промешајте, процедете по 1 час и пијте го незасладен половина час пред јадење, 2-3 пати дневно.

При воспаление на дебелото црево
Помешајте по 20g ленено и семе од дуња и плодови од боровинка, прелијте ги со половина литро ладна вода, оставете 3 часа, мешајте што почесто. Потоа загрејте во покриен сад додека не почне да врие, оставете да се излади и пијте 3-4 пати дневно по 1 чаша половина час пред јадење.

Мелем за изгореници
Издробете 10g семки од дуња, прелијте со 200ml вода и почекајте да се создаде цврста маса. Нанесете ја на заболениот дел од телото, директно или како облога.




Оставете коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *