Top

Моќни благодети на циметот

Циметот е еден од најстарите зачини, со најубав мирис. Лековитите својства на циметот како одличен борец во третманот на инфекции, болести на срцето, дијабетес и дигестивниот тракт, ја оправдуваат неговата вредност и тоа што овој зачин порано бил поскап и од злато.

ЗА ПОДОБРО ФУНКЦИОНИРАЊЕ НА МОЗОКОТ
Неодамнешна студија потврди дека мирисот или вкусот на цимет стимулира активност на мозокот и помага да се подобри концентрацијата, визуелната меморија и брзите реакции. Затоа, добро би било работниот простор да го освежите со етерично масло од цимет, или пак да си ги зачините утринското кафе или чај со цимет.

ДИГЕСТИВЕН СИСТЕМ
Циметот е одличен извор на манган и многу добар извор на диетални влакна, железо и калциум. Комбинацијата на диетални влакна и калциум има благотворно влијание врз варењето на храната, бидејќи оваа комбинација се врзува за жолчните соли и помага во нивната екскреција од организмот. На овој начин комабинацијата штити од развивање рак на дебелото црево и го одржува нивото на холестерол во границите на нормалата. Половина кафена лажичка со две лажици мед се препорачува пред јадење, бидејќи помага во варењето на мрсната храна.

ЗАЈАКНУВАЊЕ НА КОСАТА
Антиоксидансите кои сочинуваат најголем процент од активните состојки во циметот, го прават одличен избор за регенерирање на косата и потхранување на скалпот. Затоа неговата употреба се препорачува при интензивно опаѓање на косата. Во топло маслиново масло додадете супена лажица мед и кафена лажичка цимет. Откако ќе се олади смесата, нанесете ја на коренот на косата, втријте ја и ја оставете ја да делува десетина минути. Потоа исплакнете ја косата. Оваа постапка можете да ја повторувате два пати неделно.

ГО НЕУТРАЛИЗИРА ЛОШИОТ ЗДИВ
Благодарение на неговите антибактериски својства, циметот е одличен борец против инфекциите во усната шуплина кои се честа причина за лош здив. Во 100ml топла вода додадете една лажичка мед и една лажича цимет. Секое утро плакнете го грлото со ваквата смеса.

СЛАБЕЕЊЕ
Секојдневното консумирање цимет го спречува таложењето маснотии во телото. Освен тоа, антиоксидансите кои ги содржи циметот го стабилизираат шеќерот во крвта и ја намалуваат потребата за јаглехидрати. Половина час пред појадок и пред спиење се препорачува мешавина од две лажици мед и една лажичка цимет сварени со една шолја вода.

ЛЕКУВАЊЕ ИНФЕКЦИИ
Циметот има неверојатни ефекти врз габичните инфекции, дури и кај оние кои се отпорни на лекови. Тој содржи две активни супстанции: еугенол и цинамалдехид, кои се покажаа ефикасни во борба против инфекции и бактерии. 4 шолји вода и 2 пакетчиња цимет ставете ги да вријат десетина минути. Од оваа мешавина пијте по малкум, повеќе пати во текот на денот.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>