Top
Зошто е добро да се пие млака вода со лимон?

Зошто е добро да се пие млака вода со лимон?

Независно од тоа што работите и кое годиште сте, многу е важно како го започнувате денот. Пиењето чаша млака вода со пола цеден лимон е утрински ритуал кој ќе го подобри вашето здравје во значителна мера.

  • Ја балансира рН вредноста
  • Иако содржи лимонова киселина, лимонот има алкална база и не резултира со киселост во телото.

  • Го хидрира лимфниот систем
  • Овозможува да го започнете денот рехидрирани. Кога организмот е дехидриран, не може правилно да ги извршува своите функции, што доведува до натрупување на токсини во телото, стрес и запек.

  • Помага при варење на храната
  • Го стимулира дигестивниот тракт, ја подобрува способноста на телото да апсорбира хранливи материи, и содржи витамини и минерали кои помагаат при ослободување на токсините.

  • Го зајакнува имунитетот
  • Лимонот е богат со витамин Ц и калиум. Тоа значи дека помага при настинки, го регулира крвниот притисок и ги стимулира мозочните функции.

  • Претставува природен диуретик
  • Помага да ги исфрлиме непотребните материи бидејќи ја зголемува потребата за мокрење, па на тој начин се ослободуваме многу побрзо од токсините.

  • Ја чисти кожата
  • Витаминот Ц помага при намалување на борите и неправилностите на кожата. Го прочистува целиот организам, а со тоа и кожата.

  • Помага при слабеење
  • Лимонот има големо количество на пектин кој помага во потиснување на апетитот, а со тоа помага во намалување на килограмите.




Оставете коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *