Top
mlad_kromid

Младиот кромид во здравствени цели

Младиот кромид е неверојатно вредна и здрава храна која делува на телото одвнатре и однадвор. Помага кај настинката и намалувањето на високиот крвен притисок, но и дејствува против воспаленијата во телото, како и против габичките, стресот и заморот.

Воспаление на грлото
Исечете го кромидот на парчиња, а можете да му додадете и рендан ѓумбир и сол, односно сето тоа заедно да го ставите во платнена вреќичка или крпа и да го загреете. Потоа замотајте ја во уште една крпа или пешкир и ставете ја на воспаленото место (грло, гради, дланки или грб).

Отечени нозе
Варете го младиот кромид неколку минути. Изблендирајте го, а доколку е потребно додајте и малку вода, сѐ додека не се претвори во паста. Со оваа паста намачкајте ги натечените делови на ногата. Овој рецепт се користи веќе стотици години и е доста ефикасен.

Затнат нос
Згмечете го младиот кромид и со неговиот сок натопете парче памук, а потоа ставете го на носот и областа околу синусите. Кромидот ќе ја активира слузницата и ќе ви ги ослободи дишните канали.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>