Top
mineralna voda

Минерална вода против вишок на килограми

Резултатите од истражувањето објавено во списанието “Obesity” покажуваат дека минералната вода е идеална во борба против вишок на килограми. Во ова истражување биле опфатени 300 луѓе кои држеле диета и кои дотогаш пиеле минерална вода секој ден. Членовите во оваа група во просек имале околу 90 килограми, која на почетокот од истражувањето била поделена во две групи.

Една група продолжила да пие минерална вода, а другата престанала да го прави тоа. На крајот од истражувањето, односно после 12 недели, групата која се откажала од минералната вода изгубила 4 килограми, додека првата група која продолжила да ја пие, успеала да ослабне два килограми повеќе.

Според нутриционистите, групата која продолжила да пие минерална вода имала континуитет бидејќи и дотогаш пиела минерална вода и многу полесно ја апсорбирало храната. Организмот на оние кои престанале да пијат минерална вода доживеал шок, бидејќи тие морале да ја прекинат секојдневната рутина, што резултирало со стрес кој влијаел врз нивото на хормоните и шеќерот во крвта, па со самото тоа било забавено слабеењето.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>