Top
mineralna_voda

Минерална вода не треба да се пие секој ден

Минералната вода, особено онаа која е студена е одлично разладување во лето.

Колку и да се промовира како здрава, сепак пиењето на големи количини од оваа вода може да има одредени последици врз нашето здравје. Британскиот стоматолог и специјалист за орална хирургија, Адам Торн, вели дека минералната вода не е добра за забите.

Проблемот е во тоа што газираната минерална вода е кисела односно има pH 3, а меурчињата од минералната вода може да ги ерозираат забите, да им ја променат бојата и да предизвикат воспаление. Според неа, посебно опасни се минералните води со различни вкусови, кои освен што се кисели, полни се и со шеќери кои можат да ги загрозат забите. Тој смета дека повремено една чаша минерална газирана вода не е штетна, но секојдневното консумирање на ваквата вода е лошо за здравјето на забите и оралната хигиена.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>