Top
Metodi-za-poubavo-spienje-iLike-mk-F

Метод кој го решава проблемот со заспивањето

Стресот во овие модерни времиња е виновен за поголемиот дел од болестите кои постојат во денешно време. Секојдневниот напор и замор претставуваат основа на бројни малигни заболувања. Постои метод кој брзо, лесно и ефикасно помага да се намали стресот и да се дојде до полесен сон, а тој се нарекува метод „4-7-8″.

Методот е многу едноставен, не е потребно многу време и не бара посебно место. Сè што треба да направите е да вдишете преку нос 4 секунди, да го задржите здивот 7 секунди и да издишете преку уста 8 секунди.
Многу е едноставно за изведување, но непроценливо како лек за духот и телото.

Задржувањето на здивот и бавното издишување има брз позитивен ефект врз целиот организам, бидејќи:
– Го забавува срцевиот ритам,
– Го снабдува организмот (мозокот) со кислород,
– Го подобрува спиењето,
– Телото се чувствува одморено,
– Го намалува стресот,
– Го смирува умот и носи чувство на задоволство.

Доктор на Универзитетот Харвард, Ендрју Уејл, кој го истражува методот „4-7-8″ вели дека оваа практика со векови се применува од индиските јоги за духовно и физичко балансирање.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>