Top
Maslinki-iLike-mk

Маслинки – моќен антиоксиданс

Маслинките се плодови на маслиново дрво. Истите се преполни со различни корисни витамини и минерали.

Маслинката е богата со антиоксиданси и хранливи елементи.

Голем е бројот на благодетни состојки кои ги содржи маслинката, а кои се исклучително корисни за организмот.

Маслинките се богати со растителни влакна и масти, бета каротен, витамини А, Ц, Д, Е и К, ензими, омега 3 киселини, полифенол, сквален, фитостерол, хлорофил и минерали.

Со помош на корисните состојки на маслинките, се намалуваат симптомите на астма, остеоартритис и ревматизам. Докажано е дека витаминот Е од маслинките може дури и да ја ублажи појавата на чувство на топлина кај жените при менопауза.

Маслинките помагаат во работата на црниот дроб и цревата, и го стимулираат варењето и рамнотежата на цревната флора. Доколку сте во можност изедете неколку маслинки пред јадење, но внимавајте да не претерате. Овој дар на природата, им се препорачува на луѓе со низок крвен притисок.

Исто така, маслиновото масло се користи за исхрана, хигиена и разубавување, како и лекување, па дури и во ритуални цели.




Оставете коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *