Top
Loshi-naviki-iLike-mk

Лоши навики кои му наштетуваат на здравјето

Секој од нас има некои лоши навики од кои треба да се реши колку е можно побрзо, за да го заштити своето здравје.

  • Внимавајте како седите
    Времето кои го минувате пред компјутер, сигурно ви одзема поголем дел од денот. За да ги заштитите грбот и вратот се препорачува мониторот да ви биде во висина на очите. Тоа значи дека и лаптопот треба да го користите на маса, а не во скут. Практикувајте повеќе физичка активност.

  • Внимавајте на месечниот циклус
    Голем број жени неправилностите во менструалниот циклус им ги препишуваат на стресот или на менопаузата која следува. Вистина е дека неправилностите се нормални во тинејџерските години и на 20 годишна возраст, но циклусот на 30 и 40 годишна возраст треба да биде правилен, а отстапки би можеле да бидат симптоми на разни проблеми.

  • Оддалечете се од мобилниот телефон
    Некои податоци велат дека дури 80% од луѓето ноќе го оставаат вклучен мобилниот телефон, а повеќе од половина од нив го користат како будилник. Една од скриените опасности на мобилните телефони е светлината која може да го блокира лачењето на хормонот мелатонин, кој е одговорен за регулирање на сонот. Најдобро би било да се изолирате од мобилниот барем еден час пред спиење и секако да го чувате подалеку од главата. Оддалеченоста на мобилниот само 20 сантиметри од главата го намалува зрачењето за дури 98 отсто.

  • Здравје на кожата
    Многумина не користат креми за сончање, освен ако се на летување. Дури и кога ја нанесуваат, оставаат огромни делови на кожата без крема. Вратот, рацете, нозете и рамената се најизложени делови на телото на сонце, а важно е да се знае дека некоја облека и стакло не заштитуваат од штетните влијание на сончевите зраци.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>