Top
Cellulite-Skin-On-Her-Legs-52651474

Лоши зимски навики кои создаваат целулит

Одредени навики, кои ги имаме во зимскиот период придонесуваат за создавање на целулит. Идеален услов за создавање целулит е долготрајното седење, намалената телесна активност, тесната облека, мрсната храна и храната полна со шеќери. Сето тоа повеќе го правиме на зима отколку на лето. Следниве неколку навики имаат лоши последици.

Тесна облека
Како главна причина за настанување целулит е слабата циркулација на крвта. Циркулацијата може да ослабне од тесната облека, како на пример тесни фармерки или еластични тесни хулахопки. За да го намалите лошото влијание на тесната облека врз изгледот на бедрата, носете меки хеланки. Добро би било во текот на зимата да практикувате лесна масажа која ќе ја поттикне циркулацијата и ќе го забави настанувањето на целулитот. Масло за масажа можете да си направите и сами. Во маслиново масло додадете неколку капки етерично масло од лимон или рузмарин и со нив масирајте ги критичните подрачја.

Лоша исхрана
Несоодветната исхрана богата со висококалорични мрсни и слатки намирници е уште една причина за настанување на целулит. Во намирниците кои се препорачуваат за консумирање се немасно месо, риба, овошје, зеленчук, мед и млечни производи со ниска масленост. Она што треба да се избегнува е сувомесни производи, конзервирана храна, алкохол и газирани пијалоци, висококлаорични слатки и други производи кои вообичаено се јадат во текот на зимата. Пореметувањето на варењето на храната предизвикува дебелеење, па затоа е препорачливо во исхраната на вклучите повеќе пробиотици, да јадете повеќе мали оброци и да пиете многу вода.

Недостаток на движење
Брзото темпо на живот и недоволното вежбање исто така поттиккнва создавање на целулит. Поради намалената физичка активност доаѓа до лоша циркулација. Освен што во зима повеќе седиме, и начинот на кој седиме може да придонесе до создавање на целулит. Кога седиме, мускулите се опуштени, а уште ако и ги прекрстиме нозете, го оневозможуваме протокот на крв. Во текот на зимата, наместо автомобил или јавен превоз, пешачете колку е можно повеќе. Користете скали наместо лифт и во дневниот распоред додадете барем неколку вежби кои ќе јa поттикнат циркулацијата.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>