Top
herpes

Која е причината за појава на херпес?

Херпесот најчесто се појавува кога имунитетот е ослабен и се манифестира со болка и пецкање.

Болестите кои предизвикуваат пад на имунитетот влијаат на појавата на херпес. Стресот исто така причинува херпес, а често се јавува и кај жените за време на менструалниот циклус.

На појавата на херпес претходи пецкање, чувство на непријатност, чешање и неколку дена подоцна се појавуваат меурчиња полни со бистра течност. Потоа, херпесот започнува да чеша и пецка, а чистата течност се менува во матна. Ова е најризичниот период, бидејќи со допири многу лесно може да се пренесе на очите или на други личности. После 5-7 дена, меурчињата пукнаат и се создаваат рани, по што лицето повеќе не го претставува извор на инфекцијата.

Одржувањето на хигиената е неопходно за лекување на херпес. Не споделувајте прибор за јадење или чаши со други бидејќи херпесот е пренослив.




Оставете коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *