Top
Utrinsko-kafe

Кога треба да го пиете кафето ако имате дијабетес?

Кафето може значително да влијае на шеќерот во крвта, дури и ако не е благо.

Не сте единствени ако го започнувате денот со шолја кафе. Во целиот свет овој пијалок е омилен бидејќи им помага на луѓето побрзо да се разбудат и да се подготват за работа.

Црното кафе има корисен ефект врз телото, особено благодарение на високата содржина на антиоксиданси, па се смета дека го намалува ризикот од дијабетес тип 2. Сепак, кофеинот може да влијае на скоковите на шеќерот во крвта.

Ризикот е особено важен за луѓето кои веќе имаат дијабетес или преддијабетес. Во голема шолја црно кафе, кое денес е се позастапено кај нас, има околу 140mg кофеин.

Ако го пиете пред појадок, може значително да го зголемите нивото на шеќер. Кај испитаниците кои испиле две шолји кафе, гликозата во крвта скокнала за дури 50 проценти.

Се смета дека главната причина е тоа што кофеинот го блокира аденозинот, протеин кој „му кажува“ на телото колку инсулин треба да ослободи. Исто така, им помага на клетките ефикасно да одговорат на инсулинот, а без него овие функции се оневозможени.

Исто така, кофеинот го зголемува лачењето на хормоните на стрес, како што се кортизол и епинефрин. Тие имаат ефект на зголемување на шеќерот во крвта, така што телото е подготвено да се бори против стресот што го очекува.

За да избегнете ваква реакција, потребно е прво да појадувате со добро избалансирани хранливи материи, па дури потоа да пиете кафе.

Доколку чувствувате дека ви треба топол пијалок на самиот почеток на денот, тоа нека биде чај или кафе без кофеин.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>