Top

Коензим Q10

Коензимот Q10 е нутрициенс растворлив во масти, попознат и како витамин Q10, убидекаренон или убиквинон. Природно се создава во човековото тело и тоа во клеточните делови кои се одговорни за продукција на енергија. Најголемите резерви се наоѓаат во срцето, црниот дроб, бубрезите и панкреасот. Покрај обезбедувањето на енергија во клетките, Co Q10 воедно делува и како антиоксиданс т.е. ги уништува слободните радикали кои можат да ги уништат нормалните клетки.



Храната е прилично добар извор на Co Q10, обезбедувајќи околу половина од дневно препорачаната доза. Рибата и тоа лосос, сардините и туната се прилично добар извор на овој суплемент. Co Q10 го има и во растителните масла и месото. Луѓето кај кои се јавува дефицит од витамин Б, селен, витамин Ц и витамин Е, не се во состојба да произведувааат доволна количина на Co Q10. Кај луѓето со кардиоваскуларни заболувања количините на природно создаден Co Q10 не се доволни, па затоа е задолжително да внесуваат суплементи. Нивото на Co Q10 се намалува согласно годините.

Co Q10 го подобрува здравјето на луѓето и добросостојбата на организмот а воедно ја подобрува работата на срцето. Исто така, се покажало дека оралните суплементи од Co Q10 ја намалуваат прогресијата на заболувањето на непцата, ја подобруваат имунолошката состојба на организмот, го балансираат нивото на шеќерот во крвта, го намалуваат холестеролот, ја подобруваат физичката издржливост, ја намалуваат прогресијата на Паркинсоновата болест и ги намалуваат токсичните дејства од хемотерапијата дадена кај канцерогените заболувања. Истражувачите веруваат дека Co Q10 може превентивно да делува кај канцерогените заболувања со стимулацијата на имунитетот и дејството како антиоксиданс. Состојби на дефицит на Co Q10 во организмот, при што суплементите даваат поволни резултати се СИДА, хронични вртоглавици, срцеви заболувања, воспалителни процеси на непцата и др.

Автор: Д-р Дарко Стојановски

Facebook FAN page




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>