Top
kalcium

Калциумот е важен за растот и развојот на децата

Калциумот е еден од најважните минерали за раст и развој на децата. Неговиот недостаток влијае на квалитетот на животот. Неколку знаци покажуваат дека постои недостаток на калциум.

Грчеви
Грчевите под пазувите, во нозете и рацете додека се движите, се првите знаци дека вашето дете има недостаток на калциум. Доколку внесува доволна количина течности, има нормално ниво на хемоглобин во крвта, а и покрај тоа чувствува болки во мускулите, тоа може да биде основниот показател дека нема доволно внес на овој минерал.

Кршливи нокти
Кршливите нокти се уште еден показател за недостаток на калциум. Доколку забележите дека на вашето дете му пукаат ноктите, тогаш обезбедете му намирници богати со овој минерал.

Намален имунитет
Недостатокот на калциум претставува добра подлога за развој на инфекции. Освен тоа, ја намалува и способноста на вашето тело да се бори против болести.

Несоница
Несоницата кај децата може да биде предизвикана од повеќе причини, а еден од нив е и недостатокот на калциум. Освен несоница, недостатокот на калциум предизвикува и напад на страв и ментални пречки кои го зголемуваат нивото на умор и стрес.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>