Top
pienje-vino

Какво влијание има алкохолот врз вашата линија?

Повеќето алкохолни пијалоци имаат катастрофални последици по нашето здравје, а особено е непожелно некого консумирање за луѓето кои се занимаваат со спорт и со физички активности.

После било каква физичка активност, на мускулите им треба одредено време за да се опорават. Ако се напиеме само една голтка алкохол после вежбање може да го забави процесот, дури и осум часа по вежбањето.

Кога имаме алкохол во нашиот организам, телото не може да ја вари храната што ја внесуваме, туку се „фокусира“ на алкохолот. Ова е причината зошто овие калории се акумулираат во нашето тело наместо да се исфрлат. Експертите велат, дека најмногу страдаат нашиот задник и бутовите. Во едно истражување во кое учествувале луѓе од двата пола, се покажало дека алкохолот го скратува сонот и дека луѓето почесто се будат ако се напиле повеќе од една чаша пред спиење. Поради тоа се скратуваат процесите што нашето тело ги извршува додека спиеме, кои ги регулираат нивоата на хормоните кои создаваат мускулна маса. Ако сакате да изгубите тежина, алкохолните пијалоци се едни од првите што треба да ги исфрлите од вашата исхрана.




Оставете коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *