Top
mamurlak

Како против мамурлак?

Ако ви се случи да испиете некоја чашка алкохол повеќе отколку што треба, сигурно утрото потоа ќе се разбудите мамурни. Но и за тоа има решение, а тоа се крие во неколку пијалоци кои ќе ви помогнат да ги ублажите мачните симптоми.

Sprite
Газираните пијалоци со вкус на лимон и лимета најдобро го разградуваат ацеталдехидот, состојка на етанол која предизвкува мамурлак. Чаевите од билки го забавуваат разрадувањето на алкохолот и на тој начин ги засилуваат сиптомите на мамурлак, иако порано се сметале за најдобар лек.

Енергетски пијалоци
Енергетските пијалоци содржат три важни компоненти кои се важни борци против мамурлак: електролити (минерали), јаглехидрати и вода. Доколку дома немате енергетски пијалок, еве како да си направите сами: помешајте сок од портокал и вода, во сразмер 50:50 и додадете малку сол.

Вода
Водата е клучен пијалок во борбата против мамурлак. Без оглед на тоа дали ќе пиете природна или пак минерална вода, истата ќе му овозможи хидратација на организамот кој е дехидриран од алкохолот.




Оставете коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *