Top
nesonica

Како да се справите со несоница?

Сонот е најпотребен одмор за човечкото тело, но многу луѓе патат од несоница. Проблеми кои можат да бидат причина за несоницата се конзумирањето кафе доцна во ноќта, проблеми со дишење или пак болки во вратот. Во продолжение прочитајте неколку корисни совети како да ја победите несоницата.

Последната шолја кафе да ви биде 7 до 8 часа пред да заспиете
Кофеинот од кафето ви дава премногу енергија и тоа може да доведе до проблеми како што се несоница или пак немири во сонот.

Неправилната положба на главата може да доведе до лачење на повеќе секрет од носот кој ќе ви попречи во спиењето
Најправилна положба за главата е кога ќе ги ставите рацете под главата и ќе легнете на страна

Болката во вратот може да биде уште една од причините за несоница
Како причина за тоа може да се јави перницата на која спиете. Се препорачува да ја менувате перницата на секои две години.

Алкохолот е уште една причина за немирен сон
Избегнувајте алкохол во доцните часови.




Оставете коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *