Top
Coffee splash in cup

Кафе на празен стомак – да или не?

И вие се вбројувате во оние кои прво нешто за кое се фаќаат кога ќе станат од спиење е кафето? Мислењето на експертите е дека кафето на празен стомак никако не може да биде добра идеја, а за тоа постојат 3 главни причини.

Се зголемува количината на киселината во желудникот
Тоа може да биде целодневен проблем со киселини и дигестивниот систем. Високото ниво на киселина со време може да доведе до сериозни проблеми во пределот на абдоменот како чир на желудник, синдром на иритабилни црева и рефлукс. Помалку квалитетното кафе вообичаено има поголема киселост, што доведува до поголеми проблеми.

Зголемен стрес
Пиењето поголеми количини кафе, може да го зголемат чувството на тешкотија и стрес, а кога кафето го пиете на празен желудник, тој проблем уште повеќе се влошува. Од друга страна, храната и дигестијата делуваат смирувачки на нашиот организам. За да го намалите дејството на кафето на нервниот систем, со кафето секогаш јадете нешто.

Опаѓа нивото на одредени хормони
Главната причина поради која кафето го зголемува чувството на стрес е хормонската нерамнотежа за која виновник е кофеинот. Утринското кафе на празен желудник може да го поремети произвотството на серотонинот, еуротрансминтерот, кој е одговорен за чувство на задоволство, среќа и благосостојба. Истражувањата покажуваат, кога ќе престанеме да пиеме кафе на празен желудник, ќе бидеме порасположени и генерално подобро ќе се чувствуваме.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>