Лекарите предупредуваат дека стресот може негативно да влијае врз целиот организам на човекот. За оваа појава има и специјален медицински термин “соматизација” – што означува физичка манифестација на психолошките проблеми. Три делови од човечкото тело се најосетливи и најмногу страдаат при стрес: кожата, дигестивниот систем и главата. Физичките симптоми укажуваат дека сте преминале од тензија на стрес и дека постои ризик од нарушување на сопственото здравје.
При анксиозност се затегаат мускулите на лицето, вратот, рамената и плешките што најчесто предизвикува главоболка. Со желудникот ситуацијата е малку покомплицирана. Кога сме под силен стрес реагира нервот вагус кој ги поврзува желудникот и мозокот поради што чувствуваме тегоби во стомачниот дел. Исто така, стресот го нарушува имунитетот при што можат да настанат значајни воспаленија на кожата.
ЖЕЛУДНИК
– Често имате проблеми и тегоби после јадењето или пиењето,
– Ретко се соочувате со главоболки, но често патите од болки и подуеност на стомакот,
– Чувствувате грчеви во желудникот секојпат кога сте под притисок,
– Повремено чувствувате мачнина, болки во желудникот и подуеност на стомакот без некоја посебна причина,
– Честопати имате гастритис.
КОЖА
– Често имате акни, дури и надвор од менструалните циклуси,
– Имате акни, но и перутести и црвени делови на кожата,
– Периодично ви се јавуваат лишаи, воспаленија, како и чешања,
– Имате масна кожа преполна со акни.
ГЛАВА
– Честопати чувствувате тапа болка во главата или имате впечаток како да ве стега обрач околу главата,
– Главоболките и мигрената се јавуваат често, а вие морате да легнете бидејќи не можете да функционирате од прејаки болки,
– Кога сте под стрес се чувствувате физички исцрпено, омалаксано и лесно заплакувате,
– Не го напуштате домот без аналгетици,
– Честопати сте депресивни.
Станете наш facebook фан. Ви Благодариме!
dragi moi ubavo napisano,pokraj seto ova za stresot bolest na 21 vek tuka ni e i HOMEOPATIJA odnosno homeopatskite preparati koi volsebno deluvaat.pozdrav
kakvi se tie preparati?pisite kade mozat da se nabavat?
a sto se preporacuva za zeluddniko,naduenost,grcevi vo stomakot?