Top

Чаша јогурт за секси струк

Одамна се познати позитивните страни на јогуртот, а нутриционистите велат дека консумирањето една чаша јогурт дневно доведува до совршен баланс на дигестивниот систем.

Чаша јогурт, со ниска масленост, ви дава доволно белковини, витамин Б12, калциум, цинк и останати хранливи состојки кои нема да ги најдете во друг вид храна на едно место.

Јогуртот има клучно значење за одржувањето на цревната флора. Се препорачува чист јогурт без додатоци на шеќер бидејќи тие јогурти имаат помалку пробиотици, а многу повеќе калории.

Здравата цревна микрофлора го прави вашиот дигестивен систем поздрав, ја спречува надуеноста и стомачните тегоби и на тој начин придонесува за потенка и посекси половина.




Оставете коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *