Top
jogurt

Јогурт како лек за висок крвен притисок

Јогуртот е богат со калциум и добри бактерии кои ја балансираат секојдневната исхрана, ги зацврстуваат коските, но и го елиминираат стресот и депресијата. Oвој млечен производ кој често е застапен во појадокот, го подобрува имунитетот, здравјето на срцето и забите.

Студија во која биле вклучени неколку илјади луѓе, открила дека ризикот од појава на висок крвен притисок кај испитаниците кои редовно конзумирале јогурт, се намалил дури 1/5, во однос со луѓето који конзумирале јогурт еднаш месечно. Позитивниот ефект е поизразен кај жените, бидејќи мажите помалку конзумираат јогурт.

Позитивниот ефект по здравјето на луѓето и крвниот притисок бил поизразен кај луѓето кои јогуртот го комбинирале со овошје, зеленчук, јаткастите плодови и мешунките. Научниците заклучиле дека само 170ml јогурт на ден, во комбинации со овие намирници го намалува ризикот од зголемен крвен притисок за 31%. Всушност оваа студија покажала дека со редовно конзумирање на млечни производи, пред сѐ јогурт, можно е да се намали ризикот од висок крвен притисок кои е еден од главните фактор ризици за кардиоваскуларните заболувања. Јогуртот содржи големо количество калциум и белковини кои се потребни за нормално функционирање на организмот, со тоа и добро делуваат на притисокот и надбубрежните жлезди.
Луѓето кои секојдневно конзумираат јогурт во период од 15 години, имаат 31% помалку шанси да добијат висок крвен притисок. Исто така со редовно конзумирање на јогурт, може да се регулира и нивото на шеќерот во крвта, но и да се намали ризикот или да ги ублажат тегобите од остеопороза. Се препорачува еден јогурт дневно со ниско ниво на масти и со редовна физичка активност, а тоа ќе помогне во превенција од срцеви заболувања.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>